Дома Трансфер зона На Апенините тврдат: Ѕвездата на Лацио се договори со Интер

На Апенините тврдат: Ѕвездата на Лацио се договори со Интер

„Газета дело Спорт“ денес открива дека еден од најдобрите фудбалери на Лацио од следната сезона ќе се пресели на „Џузепе Меаца“.

Станува збор за холандскиот дефанзивец Стефан де Вриј, кој наводно веќе се договорил со „нероаѕурите“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува раководството на Интер постигнало договор со агентот на Де Вриј за 5-годишна соработка според која фудбалерот ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.

Договорот на Де Вриј со Лацио завршува на крајот на сезоната, а двете страни веќе подолго време се во преговори, но не можат да најдат заеднички јазик. Клубот од Рим сака да го продолжи договорот со Холанѓанецот и во него да вметни открупна клаузула од 28 милиони евра.

Интер веќе има договор со играчот, но чека зелено светло од сопственикот „Сунинг“ за да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…