Дома Фудбал Англија Мурињо ја потврди лошата вест: Мора да оди на операција!

Мурињо ја потврди лошата вест: Мора да оди на операција!

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи ќе мора да замине на операција по хроничната повреда на скочниот зглоб, потврди Жозе Мурињо.

Репрезентативецот на Брегот на слоновата коста нема настап за „црвените ѓаволи“ од 5-ти ноември, а операцијата ќе значи отсуство од терените уште најмалку два месеци.

„Одлуката е донесена, Баи ќе оди на операција. Не би рекол дека е крај на сезоната за него, но во секој случај ќе паузира најмалку два-три месеци“, потврди Мурињо.

Ова сигурно е голем удар за „црвените ѓаволи“ бидејќи Баи е најдобриот дефанзивец кој Мурињо го има во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вест Хем пропушти шанса за врвот поради промашен пенал против КПР

Вест Хем не успеа да го искористи пеналот во последните минути и заврши со 1-1 против КПР,…