Дома Топ вести Мурињо тврди: Нема шанси Де Геа да замине!

Мурињо тврди: Нема шанси Де Геа да замине!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо беше категоричен дека нема никакви шанси голманот Давид де Геа да го напушти клубот ова лето.

Како се наближува секој трансфер период, така почнуваат шпекулациите за трансфер на Де Геа во Реал Мадрид, особено после неубедливите партии на Кејлор Навас.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Запрашан дали Де Геа може да замине од Манчестер Јунајтед ова лето, Мурињо беше јасен: „Нема шанси“.

„Специјалниот“ потоа потенцираше дека не зажалил за трансферот на Алексис Санчез, кој во јануари пристигна на „Олд Трафорд“ од Арсенал.

„Алексис игра во Премиер лигата долги години и сите знаеме колку е добар и колку многу клубови го сакаа. Сигурен сум дека тој е вистински играч за овој тим и тоа не само заради неговите квалитети, туку и поради неговиот менталитет“, заклучи Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…