Жозе Мурињо доби еден натпревар суспензија поради црвениот картон против Монца и недоличното однесување кон клупата на гостинската екипа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поради тоа Португалецот нема да ја води „волчицата“ против својот поранешен тим. Интер ќе ја пречека Рома во недела, на 29 октомври.
Покрај Мурињо, казна заработи и неговиот асистент Нуњо Сантош.
Казна заработи и Рома која ќе мора да плати 10.000 евра, оваа казна е изречена поради задоцнетото враќање на фудбалерите на стартот од второто полувреме.