Дома Фудбал Англија Мурињо со брутален одговор до Де Бур: Ти си најлошиот тренер во историјата!

Мурињо со брутален одговор до Де Бур: Ти си најлошиот тренер во историјата!

Холандскиот тренер Франк Де Бур го критикуваше Жозе Мурињо за неговиот однос со младата ѕвезда Маркус Рашфорд.

Де Бур изјави дека проблем за Рашфорд е што има тренер како Жозе Мурињо, па беше за очекување дека „Специјалниот“ веднаш ќе одговори.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мурињо спреми брутален одговор и го нарече Де Бур најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата.

„Прочитав што имаше да каже најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата. Вели дека не е добро за Рашфорд да има тренер како мене. Ако Рашфорд имаше тренер како Франк, ќе научеше само да губи, бидејќи тој ги загуби сите натпревари во Премиер лигата“, изјави Мурињо.

„Маркус сака да победува, не ги игра сите натпревари бидејќи има само 20 години, но тој е многу среќен од својот статус. Ван Гал го вклучи во првиот тим и тој е еден од петте играчи со најголема минутажа во последните две сезони“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неговата кариера во клубот е завршена: „Тој повеќе не смее да игра за Реал Мадрид“

Шпанскиот новинар Хозе Луис Санчез смета дека францускиот играч од средниот ред, Едуардо К…