Славниот португалски тренер, Жозе Мурињо го прокоментира трансферот на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ќе потсетиме, Кристиано Роналдо неодамна за сума 105 милиони евра која ќе биде платена на две рати направи трансфер во Јувентус.
Многумина сметаат Роналдо кој е и официјално најдобар фудбалер за оваа година ќе му недостасува на Реал Мадрид, но Мурињо не е еден од нив.
„Сите знаат кој е Кристиано Роналдо, но исто така сите знаат што претставува Реал Мадрид. Секако дека ќе ви недостасува играч како Роналдо, но Реал Мадрид е поголем од било кој играч и може да се носи со таквата ситуација“, изјави Мурињо и потоа му посака среќа на Лопатеги.
„Му посакувам многу среќа. Го знам 21-22 година. Тој е добар човек и добар тренер“, заврши Португалецот.