Дома Фудбал Англија Мурињо нема никаква клазула: Тотенхем ќе мора да му исплати богатство ако го отпушти

Мурињо нема никаква клазула: Тотенхем ќе мора да му исплати богатство ако го отпушти

Медиумите на Островот пишуваат дека Жозе Мурињо нема клазула за прекин на соработката и ако Тотенхем сака да го отпушти тогаш ќе треба да му исплати богата компезација.

Некаде на средина од декември Тотенхем беше прв на табелата, меѓутоа во последните девет натпревари Тотенхем забележа само две победи и сега заостануваат цели 17 бода зад лидерот Манчестер Сити. Таа бодовна разлика за нив значи и дека не можат да се надеваат на титулата во ПЛ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мурињо во медиумите е критикуван поради стилот на игра како и за начинот на кој постапува со Герет Бејл и Деле Али.

Денес „Атлетик“ пишува дека во договорот на Португалецот нема клазула за прекина на соработката и ако Тотенхем се реши да го отпушти ќе мора да му исплати голема сума. Мурињо има договор до 2023 година со плата од околу 15 милиони евра и затоа во Тотенхем нема да брзаат со одлуката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…