Дома Фудбал Англија Мурињо му одговори на Солскјер: За него големината на головите не е важна, важен му е шеснаесетникот

Мурињо му одговори на Солскјер: За него големината на головите не е важна, важен му е шеснаесетникот

Оле Гунар Солскјер во саботата го „пецна“ Жозе Мурињо за ситуацијата со димензиите на стативите во Скопје.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако противникот пет пати ја погоди рамката од голот Солскјер изјави дека за нив е добро што Мурињо не е тука да ги измери головите. Жозе не остана без одговор.

„Денес не ги мерев головите затоа што знам дека се тие во ред. Вчера Оле беше среќен за тоа што му се случи на неговиот тим. Се шегуваше на моја сметка, а јас можам да кажам дека головите за него не се важни, за него е важна големината на шеснаесетникот. Мислам дека тој сака да игра во шеснаесетник кој е 20, а не 16 метри“, изјави Мурињо.

Секако, Жозе алудираше на големиот број пенали кои се судат за Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан ги изненади навивачите, договори засилување од 50 милиони евра

Белгискиот крилен офанзивец Диего Мореира е нов играч на Милан, а овој досега прилично неп…