Дома Фудбал Англија Мурињо: Гвардиола добива се што ќе посака, можеме ли ние да потрошиме 700 милиони фунти!?

Мурињо: Гвардиола добива се што ќе посака, можеме ли ние да потрошиме 700 милиони фунти!?

Жозе Мурињо продолжи да ја забавува Англија, но и светската јавност. Откако го исмеваше Јирген Клоп поради лицемерството во врска со трансфер политиката, продолжи со испраќањето на „отровни стрели“.

Манчестер Сити во текот на летниот преоден рок потроши огромна сума на создавање како што изгледа шампионски тим.

„Мислите ли дека Манчестер Јунајтед може со 600 милиони фунти да купи шест играчи? Не!“, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед за официјалната клупска страница.

Во продолжение тој зборуваше за неговиот голем ривал Манчестер Сити и тренерот на овој клуб, Пеп Гвардиола.

„Не сакам да го намалувам успехот на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола, но тие очигледно имаат голем кредит. Кога Пеп пристигна го имаше англискиот репрезентативен голман, Џо Харт. Тој не му се допаѓаше, па го доведе Клаудио Браво, но ниту тој не му се допадна, па побара нов голман. Денес го има Едерсон и е задоволен. Ги имаше Пабло Забалета и Александар Коларов, двајца фантастични фудбалери, но постари од 30 години. Сакаше да ги замени и не доведе двајца, туку тројца нови дефанзивци! Можеме ли ние да купиме шест-седум фудбалери истовремено: Можеме ли да потрошиме 600-700 милиони евра? Не“, порача Мурињо.

Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вест на денот во Лондон: Боувен како Дел Пјеро!

Фудбалскиот клуб Вест Хем денеска соопшти дека Џаред Боуен потпишал нов договор! Иако мног…