Дома Трансфер зона Мурињо во јануари носи ГОЛЕМО засилување за 0 евра!

Мурињо во јануари носи ГОЛЕМО засилување за 0 евра!

Манчестер Јунајтед одлично го одработи летниот трансфер период, но тоа не значи дека ќе мируваат во јануари. Следната мета на Жозе Мурињо е никој друг, туку Лукас Лима.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за офанзивен играч за врска кој настапува за Сантос, а претходно играше за Интер де Лимеира и Интернасионал во Бразил. Настапи и во 14 натпревари за репрезентацијата на Бразил и постигна два гола. Еден од нив и против Аргентина. „Десетката“ на Сантос не сака да го продолжи договорот со тимот, а најзаинтересирани се Интер, Манчестер Јунајтед и Барселона.

„Неговиот договор истекува 31. декември 2017., а заинтересирани има многу. Мислам дека добро би играл во Серија А, но не сум баш сигурен што Сантос сака да направи. Фенербахче испрати 20 милиони евра во изминатиов период, а Кристал Палас 15 милиони, но двете понуди се одбиени. Го пратат и Интер, Рома, Барселона и Манчестер Јунајтед“, изјави Лукас Бадија, менаџерот на Лукас Лима.

Инаку, многу медиуми тврдат дека Мурињо е фаворит за неговото доведување. Одлична вест е тоа што би можеле бесплатно да го доведат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…