Дома Фудбал Англија Мојс: Даклан Рајс? Можеби ќе бидат доволни 150 милиони фунти

Мојс: Даклан Рајс? Можеби ќе бидат доволни 150 милиони фунти

Тренерот на Вест Хем Дејвид Мојс е свесен дека неговиот клуб тешко ќе го задржи Даклан Рајс поради интересот од големите клубови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зад себе англискиот репрезентативец има неколку добри сезони и неговата цена на трансфер пазарот постојано е во пораст. Мојс сега порача дека фудбалерот не е на продажба, но може да замине ако некој клуб плати астрономска сума.

„Цената на Рајс е повеќе од 100 милиони фунти. Минатото лето 100 милиони беше малку. Сега можеби 150 милиони фунти ќе бидат доволни, тој не е напродажба“, изјави Мојс.

Во медиумите на Островот Рајс подолго време се поврзува со Манчестер Јунајтед затоа што се најавува заминување на Пол Погба и Немања Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Jaмал за можното спектакуларно засилување за Барса: Го чекаме со раширени раце!

Ламин Јамал зборуваше пред новинарите пред дуелот на Шпанија со Белгија во четвртфиналето …