Дома Трансфер зона Мората си оди, Јувентус тргнува по Милик

Мората си оди, Јувентус тргнува по Милик

Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна цел на Јувентус ова лето ќе биде засилување во нападот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алваро Мората е на позајмица од Атлетико Мадрид и како што стојат работите нема да биде откупен бидејќи „бјанконерите“ не сакаат да доплатат додатни 40 милиони евра.

Прва трансфер цел на „старата дама“ е Аркадиуш Милик, кој во јануари се пресели во од Наполи во Марсеј.

Меѓутоа, „Екип“ открива дека во договорот на Милик постои откупна клаузула од само 12 милиони евра, доколку Марсеј не избори пласман во ЛШ.

Со оглед дека ќе се прави ремонт во екипата на Јувентус, доаѓањето на Милик за само 12 милиони евра се смета добар потег на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…