Дома Трансфер зона Мората сака да се врати во клубот каде што веќе двапати играше

Мората сака да се врати во клубот каде што веќе двапати играше

Алваро Мората ќе го напушти Атлетико Мадрид и негова желба е да се врати во Италија, пренесува Фабрицио Романо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шпанскиот капитен наводно по третпат во кариерата сака да го облече дресот на Јувентус.

„За Мората враќањето во Италија е приориет. Го чека Јувентус, сака да се врати и се надева на позитивен одговор“, истакна Романо во своето обраќање.

Кариерата Мората ја започна во Реал Мадрид, а од 2014 до 2016 година го носеше дресот на Јувентус. Потоа повторно се врати во Реал кој го продаде во Челзи. Од 2019 година е играч на Атлетико, меѓутоа од 2020 до 2022 настапуваше во Торино како позајмен играч. Сега сака и по третпат да го облече дресот на „старата дама“.

За репрезентацијата на Шпанија Мората одигра 77 натпревари и постигна 36 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…