Дома Трансфер зона Мончи работи со полна пареа, после Клајверт пристигнува крило и тоа бесплатно!

Мончи работи со полна пареа, после Клајверт пристигнува крило и тоа бесплатно!

Рома е една од најактивните на трансфер пазарот, Мончи изгледа превзема иницијатива на трансфер пазарот.

Откако Рома ја заврши работата и во своите редови го доведе еден од најталентираните играчи во светот, Џастин Клајверт, на скоро би можеле добијат и еден Португалец и тоа бесплатно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клајверт пристигна за 15 милиони евра, а Ајакс ќе добие уште пет преку бонуси. Следен кој се очекува да допатува во Рим наводно е Португалецот – Бруно Фернандеш од Спортинг.

Соиграчот на нашиот Стефан Ристовски го раскина договорот и како и Бас Дост, Вилијам Карваљо и Желсон Мартинс сега е слободен агент, а Рома изгледа ќе ја искористи ситуацијата.

Серија А за Фернандеш е добро позната дестинација, претходно го носеше дресот на Удинезе и Сампдорија.

Според италијанските медиуми во овие моменти се договораат околу платата и очекувањата се дека наскоро договорот ќе биде и постигнат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Агентот на еден од најбараните напаѓачи пристигна на „Олд Трафорд“

На дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ вчера се појави агентот на Бе…