Спортскиот директор на Рома, Мончи, е на чекор да направи уште еден одличен трансфер бидејќи утре би требало за клубот да потпише Џастин Клајверт.
Овој 20-годишен напаѓач го привлече вниманието на фудбалската јавност со игрите во дресот на Ајакс. Интерес за неговите услуги покажаа многу европски великани, но на крајот Клајверт се одлучи за Рома.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што пишуваат медиумите на Апенините овој трансфер Рома ќе ја чини 20 милиони евра, а Холанѓанецот ќе потпише шестгодишен договор. Клајверт вечерва допатува во Рим, а веќе утре треба да ги направи лекарските прегледи. Нормално, на аеродромот беше пречекан од група на навивачи на Рома.