Дома Фудбал Италија Монца на Берлускони на чекор од Серија А!

Монца на Берлускони на чекор од Серија А!

Moнца на Силвио Берлускони кој го градеше Милан во 80-те и 90-те е на чекор од историски пласман во Серија А.

Вчера Монца во првиот финален натпревар од плеј-офот против Пиза славеше со 2:1 за битката за последното слободно место за Калчото. Можеше Монца и со два гола да патува на гостувањето, но Пиза преку Филипо Бера намали на 2:1 во 93. минута од натпреварот. Головите за Монца ги постигнаа Диего Мота и Кристијан Гиткјаер.

Ќе потсетиме Монца е предводена од славниот тандем на Милан, Берлускони – Галијани. Тие го преземаа овој клуб во третата лига, а сега се на чекор од нивната главна цел – место во Серија А. Реванш натпреварот се игра в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул заинтересиран за голманот на Хал Сити, Тзолакис

Ливерпул се интересира за голманот на Хал Сити, Константинос Тзолакис, кој би можел да чин…