Дома Трансфер зона Монако објави дека потпиша договор со играчот на Јунајтед, па го избриша постот (ФОТО)

Монако објави дека потпиша договор со играчот на Јунајтед, па го избриша постот (ФОТО)

Монако кој се обидува да се спаси од испаѓање од Лига 1 на момент пријатно ги изненади своите фанови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Андер Ерера најави заминување од Манчестер Јунајтед и се прости од клубот, а многу најави сугерираат дека оди во ПСЖ, па поради тоа оваа објава на Монако беше големо изненадување.

Тимот од Кнежеството на својот Твитер објави вест дека Ерера официјално е нов играч на Монако.

„Задоволни сме што можеме да соопштиме дека Андер Ерера потпиша. Добредојде во клубот Андер“,објавено беше на Твитер профилот на Монако.

Сепак, набрзо тој пост беше избришан, а навивачите ширум светот се прашуваат дали има вистина во сето ова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…