Дома Топ вести Можеби најдобар доказ: Сите се појавија, само еден фудбалер не го промовираше новиот дрес на Ливерпул!

Можеби најдобар доказ: Сите се појавија, само еден фудбалер не го промовираше новиот дрес на Ливерпул!

Ливерпул во текот на вчерашниот ден и официјално ги претстави новите дресови во кои фудбалерите ќе настапуваат наредната сезона и за тоа веќе пишувавме.

Меѓутоа она што е интересно е што навивачите на овој клуб подоцна забележаа дека на ниту една од фотографиите го нема играчот за врска Емре Чан.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Често пати сме биле сведоци, дека токму ваквите промооции го откривале играчките кадар на тимот за наредната сезона, а во овој момент изгледа дека на „Енфилд“ не смеаат на Германецот.

Да потсетиме, претходно Чан се поврзуваше со повеќе клубови бидејќи неговиот договор со Ливерпул истекува на крајот на оваа сезона.

Поголемиот дел од фудбалерите на Ливерпул на своите официјални Твитер профили објавија фотографија од претставувањето на дресовите, но тоа не го прави и Емре Чан. До овој момент најмногу се поврузваше со Јувентус иако до официјална потврда, барем на една од двете страни засега не дојде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…