Дома Фудбал Англија Можат ли зборовите на Фабрегас да го убедат Азар да остане?

Можат ли зборовите на Фабрегас да го убедат Азар да остане?

Шпанскиот играч за врска, Цеск Фабрегас со сите сили ќе се обиде да го убеди својот соиграч Еден Азар да остане во Челзи.

Потсетуваме, шпанските медиуми пренесуваат дека Азар е многу блиску до договор со Реал Мадрид и дека наскоро би требало да биде претставен во Мадрид, а Фабрегас ја користи последната приликата да го задржи во Лондон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Нема да лажам, често зборувам со него. Тој е најдобар играч во нашата екипа и нашиот клуб сака да ги задржи најдобрите играчи. Тој знае дека навивачите го сакаат и дека е играч со кого сакаме да играме. Сигурно дека сакаме да остане“, изјави Фабрегас.

Потсетуваме, освен Реал за Азар е заинтересирана и Барселона, но како што сега стојат работите тој речиси сигурно ќе заврши на „Сантијаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Како професионалец одигра 432 минути. Челзи подготвува понуда од 55 милиони евра

ЕСТЕВАО ВИЛИАН, 17-годишното десно крило на Палмеирас, е новото чудо од дете во Бразил и в…