Хрватскиот ветеран Лука Модриќ продолжува да покажува дека годините за него се само бројка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако ќе наполни 38 години, Модриќ игра на врвно ниво и не размислува за пензија.
Шпанскиот весник „Марка“ најавува дека Модриќ има план кој сака да го исполни за да игра на Мундијалот во 2026 година.
Неодамна тој го продолжи договорот со Реал и така сигурно ќе остане до јуни 2025 година. Но, тука не е крајот на неговите амбиции бидејќи сака да остане и една сезона подоцна и да се подготви за Светското првенство.
Желбата на Модриќ е да ја предводи Хрватска на уште еден Мундија и слично како и Крос летово по Европското првенство во дресот на Германија да замине во пензија.