Дома Трансфер зона Модриќ на лето го напушта Мадрид и се враќа во Премиер лигата?

Модриќ на лето го напушта Мадрид и се враќа во Премиер лигата?

modric

Хрватскиот фудбалер на Реал Мадрид, Лука Модриќ (32) наредното лето би можел да се врати во Премиер лигата.

Шпански „Дон Балон“ најавува заминување на Модриќ, а според нивните информации следен негов потег ќе биде враќање во Англија и тоа во редовите на Манчестер Јунајтед кој покажа сериозен интерес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Модриќ од поодамна е желба на „ѓаволите“. Беше блиску до „Олд Трафрод“ во 2012 година кога го носеше дресот на Тотенхем, но на крајот сепак се одлучи за Мадрид и не погреши.

Одличниот фудбалер за врска стана еден од најдобрите на својата позиција и освои асполутно се што може да се освои.

Но, „Дон Балон“ дека после шест години дојде времето за простување од дресот на шпанскиот гигант. Јунајтед ќе направи се за да го доведе на „Олд Трафорд“ и тој лесно би можел да го облече дресот на „ѓаволите“.

Хрватот за Реал настапи на 244 натпревари постигна 13 погодоци и запиша 35 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се спрема голема „чистка“ во Манчестер Јунајтед: Сигурни се само тројца фудбалери!

Сем Џим Ретклиф најави големи промени во Манчестер јунајтед, а англиските медиуми пишуваат…