Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо повторно беше стрелец на поседното „Ел Класико“ против Барселона, но овој пат одлучи да не го прослави голот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Роналдо ја затресе мрежата на Каталонците во првото полувреме, но не прослави, а потоа на новинарите им ја откри и причината.
„Како да славам кога личноста која ме научи да играм фудбал е во болница?“, изјави Роналдо после мечот.
Официјално најдобриот фудбалер на светот мислеше на Сер Алекс Фергусон, кој ден претходно имаше мозочен удар и за време на „Ел Класико“ беше во кома.
Роналдо и Фергусон работеа заедно од 2003 до 2009 година во Манчестер Јунајтед и Португалецот во неколку наврати истакнуваше дека го гледа како втор татко.