Дома Фудбал Младите фудбалерки ги дознаа противниците во квалификациите во 2023 година

Младите фудбалерки ги дознаа противниците во квалификациите во 2023 година

Младите женски селекции на Македонија до 17 и до 19 години ги дознаа противниците за следните квалификации што ќе се одиграат 2023 година.

Женската репрезентација на Македонија до 19 години се наоѓа во Б лигата и за противници ќе ги има Израел, Грузија и Гибралтар во рамките на групата 1.

Квалификацискиот турнир ќе се одржи во Македонија во период од 3 до 11 април.

Женската репрезентација на Македонија до 17 години во А лигата ќе игра против Германија, Португалија и Унгарија во рамките на групата 3. Домаќин на квалификацискиот турнир е репрезентацијата на Португалија во периодот од 22 март до 30 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик го остави Бруно на клупа по јавните критики за тактиката!

Фернандеш не е стартер против Борнмут, откако ја доведе во прашање тактиката при поразот о…