Дома Трансфер зона Митровиќ нема да заигра заедно со Савиќ , Фулам не го дава

Митровиќ нема да заигра заедно со Савиќ , Фулам не го дава

„Скај Спорт“ во текот на вчерашниот ден објави дека српскиот напаѓач Александар Митровиќ е подготвен да се пресели во Саудиска Арабија (ТУКА), но нешто се прашува и Фулам.

Според Би-Би-Си, интересот на Ал Хилал за најдобриот стрелец на српската репрезентација постои, клубот од Саудиската Про лига испратил понуда, меѓутоа таа веднаш била одбиена.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Повикувајќи се на свои извори во Фулам, „Би-Би-Си“ објави дека клубот категорично ја одбил понудата од 25 милиони фунти од Ал Хилал за 28-годишниот напаѓач.

„Би-Би-Си“ додава и дека Фулам нема намера да го продаде Митровиќ и дека одбивањето на понудата не е само дел од преговарачката тактика. Митровиќ пристигна во Фулам од Њукасл во 2018 година за 22 милиони фунти, а неговиот договор вреди уште три години.

Од Премиер лигата во Ал Хилал веќе пристигнаа Калиду Кулибали и Рубен Невеш, а пред потпис е сонародникот на Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…