Дома Македонски спорт Мак фудбал Миовски: Можевме да го затвориме мечот порано

Миовски: Можевме да го затвориме мечот порано

Македонската фудбалска репрезентација одигра 1-1 против Молдавија во пријателскиот меч кој се одигра во Анталија.

Добрата вест за селекторот е што Бојан Миовски одигра одлично и го постигна голот за водство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Добро го започнавме првото полувреме. Мислам дека теренот не ни дозволи да направиме и повеќе шанси. Второто полувреме ги изгубивме дуелите на втора топка и затоа Молдавија искористи шанса и постигна гол. Мислам дека резултатот е реален. Имавме шанси да го затвориме мечот со втор гол околу 60-та минута. Примивме еден одличен гол, но што е тука е. Продолжуваме со пријателски мечеви да се воигруваме, па в понеделник не очекува Црна Гора“, изјави Миовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Лазаров по поразот од Фарски Острови: Не губиме надеж и ќе веруваме до крај!

Ракометната репрезентација на Македонија вчера претрпе убедлив пораз од Фарски Острови (34…