Дома Фудбал Останато Миовски во тимот на колото во Шкотска

Миовски во тимот на колото во Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжи со одличните настапи за Абердин, и постигна два гола против Рос Каунти (4-0).

Партијата на Миовски беше забележана од фудбалските критичари на Островот, тој се најде во тимот на колото заедно со уште двајца свои соиграчи, Дук и Јенсен.

Напаѓачот оваа сезона има четири гола во шкотското првенство, еден во Купот на Шкотска и два во Лига Европа, а добриот настап против Рос Каунти му помогна да биде избран во тимот на колото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул ја одби понудата на Манчестер Сити за Гакпо.

Раководството на Ливерпул ја одбило понудата на Манчестер Сити за холандското крило Коди Г…