Дома Фудбал Италија Минатото лето пристигна за 30 милиони евра, сега добива „корпи“…

Минатото лето пристигна за 30 милиони евра, сега добива „корпи“…

Габриел Барбоса познат како Габигол, никако не успева да пронајде нов клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер не смета на Габигол, младиот фудбалер веројатно е една од најголемите грешки на италијанскиот клуб. Лучијано Спалети веќе го „отпиша“, па агентот на младиот 20 годишен фудбалер е во потрага по нов клуб.

Бразилецот има петгодишен договор со Интер, платен беше 30 милиони и сите го сметаат за огромно промашување.

Сега не е во состојба да пронајде нов клуб, Марсеј е последниот клуб кој одби да го купи или да го доведе на позајмица.

Ниту, Андони Зубизарета, спортскиот директор , како ниту Руди Гарсија, тренерот на Марсеј, не беа заинтересирани да го доведат Габигол во своите редови. Изгледа дека потрагата мора да продолжи…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанија ја совлада Португалија во „последниот танц“ на Роналдо

Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1…