Дома Топ вести Миланско дерби за Хамес Родригез

Миланско дерби за Хамес Родригез

Хамес Родригез минатото лето се врати во Реал Мадрид, но не е во плановите на Зинедин Зидан, па „кралевите“ го ставија на трансфер листа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Колумбиецот ова лето сигурно ќе ја промени средината, а интерес за него покажуваат неколку клубови ширум Европа. Сега во траката за неговиот потпис се приклучија и миланските гиганти Интер и Милан.

Милан ги промени плановите за изградба на млад тим и сака да донесе една голема ѕвезда, па во Колумбиецот гледа идеално засилување.

Сепак, миланските клубови имаат голема конкуренција бидејќи за потписот на Хамес се борат уште Атлетико Мадрид и Арсенал.

Реал е спремен да прифати понуда од 30 милиони евра бидејќи не смета на него и сака да се ослободи од неговата плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…