Долго време веќе постои интерес на клубот од „Сан Сиро“ за играчот на Зенит, Леонардо Паредес.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поранешниот спортски директорна „Росонерите“, Андријано Галијани се обиде да го доведе уште додека Берлускони беше на чело на клубот, но Аргентинецот не пристинга во Милано. Потоа и Фасоне и Мирабели се обидоја да го доведат, но не можеа да пронајдат заеднички јазик со Русите.
Сега, наводно и Малдини и Леонардо се заинтересирани за поранешниот играч на Рома и би можеле да дојдат до неговиот потипс следното лето. Зенит бара најмалку 30 милиони евра, тешко е да се поверува дека ќе дојде до таа бројка, останува на Милан да направи стратегија како и колку пари ќе му плати на рускиот клуб.
Паредес во Санкт Петербург пристигна од Рома минатото лето, платен беше 27 милиони евра, а на 39 запишани настапи во дресот на Зенит постигна шест гола.