Дома Трансфер зона Милан ќе го откупи Брахим за 25 милиони

Милан ќе го откупи Брахим за 25 милиони

Брахим Дијаз ова лето се пресели од Реал Мадрид на позајмица во Серија А каде го облече дресот на Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дијаз важи за еден од најголемите шпански таленти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „росонерите“.

Шпанецот пристигна на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица без опција за откуп, но Милан сака на лето да го задржи во своите редови.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе започнал преговори со Реал Мадрид за откуп на Брахим Дијаз и двете страни се блиску до договор.

Милан е спремен на крајот на сезоната да го откупи Дијаз за 25 милиони евра, а Реал најверојатно ќе стави бај-бек клаузула во договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…