Дома Топ вести Милан ја „краде“ ѕвездата на ПСЖ за НУЛА евра

Милан ја „краде“ ѕвездата на ПСЖ за НУЛА евра

Дефанзивецот на ПСЖ, Преснал Кимпембе би можел на лето да се пресели во Милано.

28-годишниот Французин е дете на ПСЖ и целата кариера ја помина на „Паркот на Принцовите“, но нема да го продолжи договорот бидејќи не е задоволен од ситуацијата во клубот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Кимпембе не е задоволен од својот статус во клубот, иако изминатите години беше незаменлив во одбраната на „светците“. Французинот ја одбил понудата за нов договор, па на лето ќе биде слободен агент.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и да го доведе без обештетување, а многуте Французи во тимот на „росонерите“ можат да одиграат клучна улога Кимпембе да го избере токму Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…