Холандскиот репрезентативец Дони ван де Бек минатото лето пристигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување, но може да си замине после само една година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дони ван де Бек не е задоволен од својот статус во клубот и би можел наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми тврдат дека ситуацијата внимателно ја следи Милан, кој сака да го донесе на „Сан Сиро“.
23-годишниот Холанѓанец оваа сезона добива многу мала минутажа во Премиер лигата, а беше купен за 45 милиони евра.
Сега Милан сака да го искористи незадоволството на Ван де Бек и да го донесе во Серија А. „Росонерите“ наскоро ќе започнат преговори со неговиот агент и веќе спремаат понуда до Манчестер Јунајтед.