Дома Трансфер зона Милан тргнува по Вилфред Заха!

Милан тргнува по Вилфред Заха!

Вилфред Заха во јануари би можел да го промени клубот, но и лигата, а би имал шанса и да се бори за трофеј.

Имено, актуелниот лидер во Серија А Милан наводно сериозно е заинтересиран за услугите на Вилфред Заха и многумина веруваат дека Заха би им помогнал во борбата за титулата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во Милано се спремни да започнат преговори со Кристал Палас уште во јануари за да го обезбедат доведувањето на Заха.

„Росонерите“ не се загрижени за неговите години и веруваат дека Заха би можел на ова ниво да игра уште неколку сезони, посебно се импресионирани од неговата брзина.

Прашање би било само како Заха би се прилагодил на италијанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…