Дома Трансфер зона Милан тргнува по бекот на Барселона

Милан тргнува по бекот на Барселона

Милан е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а последно име на списокот на „росонерите“ е Жуниор Фирпо од Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фирпо не влегува во плановите на новиот тренер Роналд Куман и може да ја промени средината уште во јануари.

Барселона е спремна да го продаде бидејќи има потреба од финансиски средства, а најсилен интерес за Фирпо во моментов покажува Милан.

„Росонерите“ бараат алтернатива за Тео Хернандес и веруваат дека Фирпо ќе биде одлично решение. Милан веќе испратил понуда до Барселона и го сака играчот на позајмица со право на откуп.

Барселона е спремна да го пушти, но сака перманентен трансфер, па поради тоа трансферот на „Сан Сиро“ е тежок за реализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…