Италијанскиот фудбалски гигант, Милан во јануари нема да продава ниту еден играч иако клубот објави рекорден минус од 146 милиони евра, пишуваат италијанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа информацијата дека поради лошата финансиска ситуација, Милан е принуден за време на зимскиот преоден рок да се ослободи од услугите на Џанлуиџи Донарума.
Сепак, челниците на Милан потенцираа дека Донарума не е за продажба и дека се преговара за продолжување на соработката.
Сопствениците на италијанскиот гигант, инвестицискиот фонд „Елиот“ го покрил целиот финансиски минус и не помислува да ја продаде најголемата ѕвезда на тимот.