Дома Трансфер зона Милан со последна понуда за Кореа, најде алтернатива во Бразил

Милан со последна понуда за Кореа, најде алтернатива во Бразил

Милан до крајот на преодниот рок сака да донесе уште еден напаѓач, а најголема желба е Анхел Кореа од Атлетико Мадрид.

Кореа веќе има договор со „росонерите“, но двата клуба никако не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан утрово ја испртатил последната понуда до Атлетико Мадрид. „Росонерите“ понудиле 35 милиони евра плус 5 милиони како бонуси и Атлетико да има 30% од следната продажба на играчот.

Сега се чека одговор од „јорганџиите“, а Милан во меѓувреме пронајде алтернатива за Аргентинецот.

Доколку не успее трансферот на Кореа Милан ќе се насочи кон бразилскиот репрезентативец Евертон Соарес од Гремио.

Цената на Евертон изнесува 40 милиони евра, а тој исто така веќе подолго време е на радарот на италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…