Дома Фудбал Италија Милан со два пенали до победа против Болоња 🎥

Милан со два пенали до победа против Болоња 🎥

Милан во натпреварот од 20. коло во Серија А како гостин ја совлада Болоња со 2:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После поразот од Аталанта во првенството и од Интер во купот, Милан денес имаше императив од победа, но не им беше лесно на гостувањето во Болоња.

Гостите подобро го отворија натпреварот, напаѓаа, а во 26. минута стигнаа до водство. Леао избори пенал, ударот на Ибрахимовиќ го одбрани голманот на Болоња, но натрча Ребиќ и погоди.

Во 55. минута Милан доби нов пенал. Овој пат Кеси ја превзема одговорноста и погоди за 2:0.

На десетина минути пред крајот, Поли поранешниот играч на Милан намали на 2:1. Со оваа победа Милан останува лидер со 46 освоени бодови и има пет повеќе од градскиот ривал Интер кој вечерва игра против Беневенто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Зборови кои сите ги чекаа, Симеоне го спореди Алварез со Гризман

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, повторно истакна дека смета на Хулијан Алварез…