Дома Трансфер зона Милан преговара со Мендеш за ѕвездата на Атлетико Мадрид

Милан преговара со Мендеш за ѕвездата на Атлетико Мадрид

Раководството на Милан покажува сериозен интерес за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа, пренесуваат италијанските медиуми.

„Росонерите“ веќе започнале преговори со неговиот агент Жорге Мендеш и веќе працат план како да го донесат Аргентинецот на „Сан Сиро“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кореа е најголема желба на тренерот Џампаоло, кој смета дека ќе биде идеален партнер на Пјонтек во нападот, но „јорганџиите“ за неговата слобода бараат 55 милиони евра.

Парите за трансферот Милан би ги обезбедиле од продажбите на Патрик Кутроне и Андре Силва, кои се наоѓаат во плановите на Вулверхемптон односно Монако.

Кореа е во Атлетико од 2014 година, минатата сезона одигра 49 натпревари, забележа шест гола и четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Сити подготвува спектакуларен трансфер

Според последните информации од Островот кои ги пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчест…