Дома Топ вести Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може да биде замена за Оливие Жиру.

Најново име на списокот на „росонерите“ е напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Гименез. Мексиканецот со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Милан воопшто нема да му биде лесно да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Мексиканецот интерес покажуваат уште Реал Мадрид, Челзи и ПСЖ.

Меѓутоа, „росонерите“ веќе започнале преговори и агентот на Гименез вчера бил  во Милано на средба со раководството. Милан е спремен да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Потврдено: Албанија и Србија сакаат заеднички да организираат Европско првенство

Фудбалскиот сојуз на Албанија соопшти дека поднел барање да биде домаќин на Европското прв…