Ренато Санчез минатото лето беше блиску до трансфер во Милан, но на крајот се одлучи за Пари Сент Жермен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа, Португалецот не добива голема минутажа во Париз и главно ја грее клупата за резерви, па не е задоволен од својот статус во тимот.
Бидејќи не може да се избори со големата конкуренција во ПСЖ, Санчез е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната.
Неговиот агент Жорге Мендеш му го понудил на Милан, кој се уште е заинтересиран и сака да го донесе на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ сега ќе се обидат да го донесат на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.