Дома Трансфер зона Милан одлучи, ќе го откупи Томори

Милан одлучи, ќе го откупи Томори

Факијо Томори во јануари пристигна во Милан како позајмен фудбалер од Челзи.

После повредата на Кјаер, Томори дебитираше за Милан во дербито против Интер, а потоа беше стартер на следните два меча и одигра одлично.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Синоќа одигра фантастичен натпревар против Рома и го истисна капитенот Ромањоли од тимот, па англискот репрезентативец ги воодушеви сите во Милан.

Милан во договорот има опција да го откупи на лето за 28 милиони евра, а италијанските медиуми откриваат дека „росонерите“ се спремни да го задржат.

Малдини наскоро ќе започне преговори со Челзи за да го договори начинот на плаќање и ќе побара сумата да биде платена на две или три рати.

23-годишниот дефанзивец исто така е спремен да остане во Милан и да потпише долгогодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…