Милан започна преговори за продолжување на соработката со својот капитен, Алесио Ромањоли, пренесуваат медиумите на Апенините.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Актуелниот договор на Ромањоли истекува во 2022 година, но еден е клучните приоритети на раководството е да ја продолжи соработката.
Ромањоли во последните години се етанлираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, а минатото лето беше именуван за капитен на тимот.
Интерес за 25-годишниот дефанзивец покажуваат неколку европски гиганти, па поради тоа Милан сака што побрзо да ја продолжи соработката.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека двете страни се во преговори и остануваат само уште детали, па договорот треаба официјално да биде потпишан после пандемијата.
Со новиот договор Ромањоли ќе добие значително зголемување на платата, па наместо досегашните 2,5 милиони, ќе заработува 5 милиони евра по сезона.