Дома Трансфер зона Милан најде напаѓач во Серија А: Има шест гола од осум шута

Милан најде напаѓач во Серија А: Има шест гола од осум шута

Примарна цел на Милан во зимскиот преоден рок е доведување на централен напаѓач, потвдија италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Повредата на Златан Ибрахимовиќ се покажа потешка од предвиденото, па најверојатно ќе паузира уште еден месец. Поради тоа „росонерите“ сигурно ќе донесат негова замена во јануари.

Медиумите шпекулираат со неколку имиња, приоритет е Лука Јовиќ од Реал Мадрид, а најново име на списокот е напаѓачот на Специја, Мбала Нзола.

Овој 22 годишен напаѓач го привлече вниманието на многу клубови оваа сезона. Веќе има постигнато 6 гола во Серија А сезонава и тоа од само 8 шута на голот.

Французинот ова лето пристигна во Специја и неговата цена во моментов изнесува 5 милиони евра, сума која Милан нема да има проблем да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…