Дома Трансфер зона Милан купува хрватски репрезентативец

Милан купува хрватски репрезентативец

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан е силно заинтересиран за хрватскиот репрезентативец, Никола Власиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан е во потрага по замена за Чалханоглу, а на листата желби се наоѓа и Власиќ.

Никола Власиќ игра фантастично во руското првенство, а се покажа во добро светло и на ЕУРО.

Власиќ може да игра на неколку позиции,  како класична „десетка“, но и како крилен фудбалер.

23-годишниот Хрват минатата сезона постигна 12 гола и 6 асистенции на 34 натпревари за ЦСКА Москва и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Милан веќе испратил понуда за едногодишна позајмица со задолжителен откуп следното лето за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…