Дома Топ вести Милан купува уште еден играч на Јувентус

Милан купува уште еден играч на Јувентус

Дури и пред доаѓањето на Де Лихт, Ругани немаше преголема минутажа, па цело лето се шпекулираше со негово заминување од Јувентус.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Италијанецот остана во Торино, но сега ја грее клупата, а Де Лихт стана стандарден првотимец, иако имаше неколку грешки од стартот на сезоната.

За Ругани се зборуваше дека има голема перспектива да стане иднината во одбраната на Јувентус, но се чини дека од тоа нема ништо.

Тој уште во јануари се очекува да ја промени средината, а можно е да се пресели во редовите на големиот ривал од Милано.

Милан е сериозно заинтересиран за неговиот потпис и смета дека би бил идеален партнер на Ромањоли во одбраната, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

„Росонерите“ ќе имаат силна конкуренција бидејќи за Ругани интерес покажуваат уште Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…