Во последните неколку недели медиумите шпекулираа дека Лео Бонучи би можел да го напушти Милан после само 6 месеци од неговото пристигнување на „Сан Сиро“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес пристигна категоричен демант од страна на спортскиот директор на „росонерите“, Масимилиано Мирабели кој истакна дека Бонучи не е на продажба и сигурно останува во Милан.
„Лео не е на продажба по ниедна цена. Да не заборавиме дека тој освои два многу важни индивидуални трофеи и е меѓу најдобрите во светот. Со оглед на тоа колку пари се трошат за трансфери денес, Бонучи го купивме многу ефтино“, изјави Мирабели.
„Пред почетокот на сезоната донесовме многу фудбалери и ќе продолжиме со нив. Никој од новите нема да биде продаден, иако некои имаа потешкотии при прилагодувањето. Невозможно е да изградите тим само за еден трансфер период. Ние создадовме солидна база, тимот е млади и ќе расте во иднина“, додаде спортскиот директор на „росонерите“.