Дома Топ вести Милан испрати прва понуда за Милинковиќ-Савиќ

Милан испрати прва понуда за Милинковиќ-Савиќ

Директорот на Милан, Паоло Малдини има јасна идеја на кои позиции да го засили тимот на лето и веќе работи на нови засилувања.

Најголема желба на „росонерите“ за засилување на средниот ред е ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со оглед на фактот дека Милинковиќ-Савиќ на лето влегува во последната година од договорот Лацио ќе биде приморан да го продаде, но и неговата цена драстично ќе се намали.

Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе работи на трансферот па испратил прва понуда до Лацио од 23 милиони евра плус 5 милиони како бонуси.

Лацио за слободата на Србинот бара најмалку 35 милиони евра, па разликата помеѓу двата клуба не е голема.

Малдини имал средба со неговиот агент Матеја Кежман и постигнале начелен договор за 4-годишна соработка според која СМС ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…