Францускиот фудбалер Жан Клер-Тодибо (20) нема да ја засили екипата на Милан туку кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако изминативе денови Милан преговараше со Барселона за неговото пристигнување во Сан Сиро, 20-годишниот Французин сепак нема да го облече дресот на „Росонерите“.
Овој талентиран фудбалер ја продолжува кариерата во Шалке. Екипата од Гелзенкирхен договори шестмесечна позајмица на овој фудбалер и тој ќе се приклучи на германскиот тим во наредните денови.
Од друга страна, Милан ќе мора да најде друго решение за нивниот тим, а Тодибо ќе го гледаме во дресот на Шалке.
Тодибо пристигна во Барселона во 2018 година од Тулуз, но има одиграно само четири натпревари за првиот тим на каталонскиот великан.