Брахим Дијаз минатото лето се пресели од Реал Мадрид на позајмица во Серија А каде го облече дресот на Милан.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дијаз важи за еден од најголемите шпански таленти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „росонерите“.
Шпанецот пристигна на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица без опција за откуп, но Милан сака на лето да го задржи во своите редови.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе започнал преговори со Реал Мадрид и сака да ја продолжи позајмицата на уште една сезона, со право на откуп следното лето.
Двата клуба се во исклучително добри односи и се очекува брзо да најдат заеднички јазик.