Дома Трансфер зона Милан започна преговори за талентот на Реал Мадрид

Милан започна преговори за талентот на Реал Мадрид

Милан минатата година го донесе Тео Хернандес од Реал Мадрид и тоа се покажа како една од најдобрите аквизиции за „росонерите“ изминатите години.

Милан повторно оваа сезона сака да пазарува од Мадрид, а „Скај Италија“ открива дека двата клуба преговараат и за талентот на „кралевите“ Оскар Родригез, кој оваа сезона игра на позајмица во Леганес.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Росонерите“ се сериозно заинтересирани за офанзивниот играч за врска, кој оваа сезона постигна 9 гола и запиша 5 асистенции на 29 настапи.

Милан наводно е спремен да плати 20 милиони евра за неговиот потпис, а Реал нема против да го продаде фудбалерот.

Единствен проблем во моментов е што Реал сака да стави „бај-бек“ клаузула во договорот за да може да го врати играчот во наредните две сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи тргнува по ѕвездата на Барселона

Челзи ќе се вклучи во битката за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, пренесуваат кат…